Андријана Волчевска по четиринаесет години во осигурителниот бизнис се приклучи на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери, во делот поврзан со осигурувањето и трудовото право.

Нејзиниот секојдневен ангажман вклучува изготвување договори за вработување, внатрешни и организациски акти на работодавците, спроведување дисциплински постапки, технолошки вишок, подготовка на акти за спречување мобинг и дискриминација и сите релевантни и поврзани документи и постапки.

Што се однесува до осигурувањето, нејзиното искуство вклучува справување со материјални и нематеријални штети и барања и постапки за надомест на штета, застапување во постапки пред осигурителни компании, судови и други надлежни органи, подготвување на решенија за надомест на штети и други соодветни и  поврзани документи и постапки.

Андријана говори англиски и српски јазик.

Поповски и Партнери

©2021 Поповски и партнери.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Тел: +389 (2) 32 32 243info@pp-lf.com

АДРЕСА

Никола Вапцаров 2-4
1000 Скопје, Северна Македонија

РАБОТНО ВРЕМЕ

Понеделник - Петок
08:30 - 16:00