Марјана Станинова се приклучи на нашиот тим во јануари 2020 година. Нејзини области од посебен интерес вклучуваат: договорно право, корпоративно право, трговско право, отштетно право, парница и алтернативно решавање на спорови.

Марјана учествувала на бројни конференции, работилници, семинари и образовни програми меѓу кои „17th International Summer School on Dispute Resolution”(Negotiation, Mediation, Arbitration)” во организација од Tulane University School of Law и Humboldt University School of Law. За време на своите магистерски студии, Марјана беше дел од тимот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 22-риот Willem C. Vis Moot International Commercial Arbitration Moot – најпрестижниот светски натпревар за меѓународна трговска арбитража. По нејзиното студентско учество, Марјана волонтира како арбитер на натпреварот.

Пред да се приклучи во тимот на нашето Адвокатско друштво, Марјана беше ангажирана како координатор на проект за правно клиничко образование „Правна клиника за ранливи групи“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Таа беше и програмски асистент на Центарот на SEELS мрежата на правни факултети во Југоисточна Европа. 

Марјана е магистер по граѓанско право, а во моментот е кандидат за докторски студии со истражувачки фокус на договорно право на Факултетот за докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Таа е сертифициран тренер за HELP програмата на Советот на Европа.

Течно говори англиски.

Поповски и Партнери

©2021 Поповски и партнери.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Тел: +389 (2) 32 32 243info@pp-lf.com

АДРЕСА

Никола Вапцаров 2-4
1000 Скопје, Северна Македонија

РАБОТНО ВРЕМЕ

Понеделник - Петок
08:30 - 16:00

error: Content is protected !!