
Анастазија Анастасовска Костовска
Адвокат
Телефон: +38971212873
За
Анастазија Анастасовска Костовска е адвокат во Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе од седум години искуство во правни работи во Република Северна Македонија, работејќи во приватниот и јавниот сектор. Нејзините области од посебен интерес вклучуваат заштита на правата на потрошувачите, заштита на личните податоци, право на интелектуална сопственост, право на информатичка технологија, медиумско право, телекомуникациско право и регулатива, облигационо право, отштетно право и административно право.
Анастазија присуствувала на многу локални и меѓународни семинари, конференции и работилници од областа на правото. Таа беше дел од работната група при Министерството за економија за изготвување на новиот Предлог – Законот за заштита на потрошувачите со кој се врши доусогласување и хармонизирање на законот со повеќе директиви на Европска Унија.
Анастазија има диплома од областа на интелектуална сопственост- двојна програма организирана од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , Правен факултет „Јустинијан Први“ и Универзитетот во Стразбур. Магистер е во областа на граѓанско право, а во моментов е кандидат за доктор на правни науки на докторски студии по административно право, Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Анастазија течно зборува англиски јазик.
Образование
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“ – Магистер по граѓанско право
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“ – Докторски студии во тек
Членство
Адвокатска комора на Република Северна Македонија
AmCham Digital Transformation Committee
Области на стручност
Индустрии
Производство на храна
Производи на мало и производи за широка потрошувачка
Информатички и комуникациски технологии
Медиуми и Забава
Приватни инвестициски фондови
Телекомуникации