Заштита на потрошувачи
  1. Дома
  2. Заштита на Потрошувачи

За нас

Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Заштита на потрошувачи

Сите сме потрошувачи, но не сите ги знаат правата што ги имаат при секојдневното тргување.

Закон за заштита на потрошувачи е збир на правни норми кои го регулираат односот на трговците и потрошувачите при снабдување со стоки и услуги и договори за набавка на стоки и услуги, како и сите обврски за безбедност, квалитет, стандардизација, сертификација на стоки и услуги.

Нашиот тим адвокати постојано ги следи промените во областа на законите за заштита на потрошувачите во Република Северна Македонија и ЕУ, така што нашите клиенти секогаш можат да очекуваат да имаат најдобро решение и совет во секоја ситуација.

Нашите адвокати можат да ви помогнат во специфични потрошувачки и трговски спогодби, решавање на потрошувачки спорови, истраги на корпоративните малверзации, надомест за потрошувачи кои претрпеле штета поради опасен производ, нарушена приватност од несоодветна корпоративна безбедност или повреди од било кој вид од други корпоративни малверзации.

Нашите адвокати исто така ги покриваат сите области за општа безбедност на производите за потрошувачите, опасни имитации, одговорност за неисправни производи и Системот за брза тревога на ЕУ (RAPEX), продажбата на стоки за широка потрошувачка и придружните гаранции, нефер клаузули во договорите, индикациите за цените, продажбата на далечина, лажното и компаративно рекламирање, нефер комерцијални практики, договори за time – share (временско споделување), пакет патувања, права на патници и е-трговија, како и:

  • Рекламирање
  • Директен маркетинг
  • Потрошувачки договори
  • Постапки за безбедност на производите и RAPEX постапки
  • Е-трговија
  • Сообразноста на стоки и услуги
  • Гаранции
  • Нефер комерцијални практики

Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970276653
Емаил: jana.dukovska@pp-lf.com

Јана Дуковска Деспотовска е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесет годишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.

Јана Дуковска Деспотовска

Партнер

Телефон: +38971212873
Емаил: anastazija.anastasovska@pp-lf.com

Анастазија Анастасовска Костовска е адвокат во Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе од седум години искуство во правни работи во Република Северна Македонија, работејќи во приватниот и јавниот сектор.

Анастазија Анастаасовска Костовска

Адвокат

error: Content is protected !!