Банкарство и финансии
Голем дел од правните односи се тесно поврзани со банкарскиот и финансискиот сектор. Поради овие причини голем дел од правната пракса вклучува активности во правните аспекти на банкарството и финансирањето на работата.
Нашиот тим на адвокати има големо искуство во обезбедувањето правна помош, совет и поддршка во врска со трансакциите во банкарскиот и финансискиот сектор во Република Северна Македонија.
Воедно, обезбедуваме различни правни услуги на нашите клиенти од областа на банкарството и финансиите, како што се обезбедување услуги поврзани со обезбедување на побарувањата, помош во постапките за востановување на заложни права, длабоки правни анализи (legal due diligence), финансирање на проекти, спојувања и превземања на банки и како и други правни услуги поврзани со овој сектор, како што се:
- Пазари на капитал и финансиски инструменти
- Хартии од вредност
- Залози, хипотеки и друго обезбедување на побарувањата, вклучително и постапка за реализација на ваквите побарувања
- Заеми и финансирање на проекти
- Нефункционални кредити
- Неликвидност и реорганизирање
- Платен промет