За нас
Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Недвижности
Инвестирањето во секторот за недвижности е претпочитана опција за голем број инвеститори. Ние ги штитиме интересите на нашите клиенти од различни аспекти, односно кога станува збор за градење, купување или за закуп на недвижен имот. Нашиот тим на адвокати нуди правни совети во врска со прашања кои што произлегуваат од деловните потреби на нашите клиенти.
Нашето адвокатско друштво дава правна помош во врска со секторот на недвижности, вклучувајќи усогласување со законската регулатива и стандардите за градба во Република Северна Македонија, правни совети при добивање на градежни дозволи, судски спорови за недвижности, состав на договори за градење, договори со инвеститори, изведувачи и подизведувачи, употреба на земјиште, прашања поврзани со животната средина, планирање и развој, изградба и изнајмување.
Дополнително, нашиот тим има советодавна улога во менаџирање на различни прашања, почнувајќи од правата на инвеститорот и/ или изведувачот, одговорноста на проектот за солидноста на градежните работи на изведувачот и надзорот, како и советување во закупните односи.
Нашите клиенти имаат придобивки од нашето големо искуство при олеснување на преговорите, решавање на правни и регулаторни прашања, и доколку е потребно, нивно застапување.
Доколку произлезе спор, имаме квалификуван адвокатски тим кој успешно може да управува со парнични или арбитражни постапки, без разлика дали станува збор за судска постапка или алтернативно решавање на споровите, ние можеме да ги идентификуваме и ефикасно да ги спроведеме најповолните решенија за нашите клиенти и тоа во области на:
- Градење
- Купопродажба на недвижност
- Планирање на недвижности
- Менаџирање на имот
- Финансии за недвижнини
Зпознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970365458
Емаил: ognen.martinov@pp-lf.com
Огнен Мартинов е еден од основачките партнери на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Тој е правен експерт со повеќе од десетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.
Огнен Мартинов
Партнер

Телефон: +38972250815
Емаил: angela.milanovska@pp-lf.com
Ангела Милановска е една од членовите на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе годишно искуство во правни работи во Република Северна Македонија.
Ангела Милановска
Адвокат

Телефон: +389 (2) 32 32 243
Емаил: marjana.staninova@pp-lf.com
Марјана Станинова се приклучи на нашиот тим во јануари 2020 година. Нејзини области од посебен интерес вклучуваат: договорно право, корпоративно право, трговско право, отштетно право, парница и алтернативно решавање на спорови.
Марјана Станинова
Адвокат

Телефон: +38975296339
Емаил: atanas.chavdarov@pp-lf.com
Атанас Чавдаров се приклучи на нашиот тим во ноември 2022 година. Тој има посебен интерес за договорно право, правото на сопственост и другите стварни права, корпоративно право, трудово право и парница.
Атанас Чавдаров
Адвокат