Анти-корупција и истраги
Корупцијата се дефинира како злоупотреба на доверена моќ, овластување или влијание за сопствена корист. Се смета за една од најпредизвикувачките пречки за економски и социјален развој.
Банкарство и финансии
Голем дел од правните односи се тесно поврзани со банкарскиот и финансискиот сектор. Поради овие причини голем дел од правната пракса вклучува активности во правните аспекти на банкарството и финансирањето на работата.
Конкурентско право
Законите и прописите за заштита на конкуренцијата се стремат кон воспоставување на пазар во кој компаниите се натпреваруваат чесно едни со други и се пласираат стоки и услуги со соодветен квалитет и фер цена за потрошувачите.
Концесии, јавно приватно партнерство и јавни набавки
Концесиите и договорите за јавно приватно партнерство (ЈПП) претставуваат многу успешни модели за меѓусебна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.
Заштита на потрошувачи
Сите сме потрошувачи, но не сите ги знаат правата што ги имаат при секојдневното тргување.
Заштита на податоци
Во денешното глобално дигитално општество, податоците се сметаат за едно од највредните добра.
Решавање на спорови
Во време кога правните проблеми и спорови настануваат се почесто и почесто, а законодавството постојано се менува и надоградува, нашиот тим нуди сеопфатни правни анализи и ефективни правни решенија.
Работни односи
Законот за работни односи како и подзаконските регулативи со кои што истиот се уредува, трпат постојани измени, измени кои имаат за цел постигнување поголема рамнотежа во односот работник – работодавач.
Интелектуална сопственост
Интелектуалната сопственост опфаќа широк спектар на умствени креации, како што се пронајдоци, литературни и уметнички дела, симболи, имиња и слики кои што се користат во трговијата, вклучително и права на индустриска сопственост.
Трговско и корпоративно право
Тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери е високо квалификуван во давање правни услуги и совети за структуирање на бизниси, бизнис практики и зделки.
Недвижности
Инвестирањето во секторот за недвижности е претпочитана опција за голем број инвеститори. Ние ги штитиме интересите на нашите клиенти од различни аспекти, односно кога станува збор за градење, купување или за закуп на недвижен имот.