Политика за приватност

Политика за приватност

Општо

Ве информираме дека Адвокатско друштво Поповски и Партнери Скопје (во понатамошниот текст: АД Поповски и Партнери) ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас. АД Поповски и Партнери се стреми да бидете целосно и јасно информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате и користите нашата интернет страна.   Внимателно прочитате ја оваа политика за приватност за целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.

Дефиниции

Поимите во оваа политика за приватност се дефинирани како и во самиот Законот за заштита на лични податоци:

Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;

Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;

Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

Основни податоци за контролорот и офицерот за заштита на лични податоци

Контролор на личните податоци е: Адвокатско друштво Поповски и Партнери Тел: 02 32 32 243 Е маил: info@pp-lf.com Веб страна: www.pp-lf.com Офицер за заштита на лични податоци e: Јана Дуковска Деспотовска Тел: +389 70 276 653 Е- маил: jana.dukovska@pp-lf.com

Основ и цели за обработка и категории на лични податоци кои ги обработуваме

Вашата согласност и правната регулатива е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со АД Поповски и Партнери. При оставање на Вашите лични податоци во делот контакт или пак кариера Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци.

  • АД Поповски и Партнери ги собира следните категории на лични податоци, во делот Контакт:

Име и презиме Телефонски број Емаил

Рок за чување на личните податоци

Вашите податоците се собираат  и чуваат во согласност со законот и додека не се постигне целта за која се дадени.

Колачиња

Веб -страницата www.pp-lf.com користи колачиња. Во однос на колачињата кои АД Поповски и Партнери  ги користи повеќе во Политика за колачиња на АД Поповски и Партнери.

Вашите права како субјект на заштита на лични податоци

Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци, право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци,  право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на АД Поповски и Партнери  за обработка на Вашите лични податоци.   Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку маил info@smarthomemacedonia.mk или контакт формата на АД Поповски и Партнери.

Почитување на Законот за заштита на лични податоци

Во случај на било какво сомневање дека АД Поповски и Партнери  прекршува некое од Вашите права за заштита на лични податоци, Ве молиме да ни се обратите во секое време на маил: info@pp-lf.com или преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци.   Доколку сепак сметате дека АД Поповски и Партнери  на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до: Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk

Промена на политика за приватност на АД Поповски и Партнери

Политиката за приватност на АД Поповски и Партнери  може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат. Последна промена февруари 2022 година

error: Content is protected !!