Решавање на спорови
Во време кога правните проблеми и спорови настануваат се почесто и почесто, а законодавството постојано се менува и надоградува, нашиот тим нуди сеопфатни правни анализи и ефективни правни решенија.
Нашиот пристап и нашата експертиза се насочени кон тоа да се минимизира ризикот од водење на судска постапка преку имплементирање на најдобрите и практики и решенија на правните проблеми пред да прераснат во спор.
Во случаите во кои водење на спор е неизбежно, нашиот тим на искусни адвокати ќе ве води и застапува во постапките, создавајќи и користејќи ги најдобрите стратегии.
Нудиме целосна поддршка за вашиот бизнис и вашите потреби, вклучувајќи и идентификација на потенцијални правни ризици и изнаоѓање на алтернативни механизми и методи за решавање на проблемите, како медијација и советување пред да се иницира спор.
Нашите адвокати застапуваат клиенти во сите видови и во сите инстанци на судски постапки и постапки пред надлежни институции, вклучувајќи и постапки за алтернативно решавање на спорови, како преговарање, медијација и арбитража, а според потребите на клиентот. Нудиме асистенција на клиентите и во процесот на носење на одлуки со цел да ги поддржиме во ваквите комплексни процеси.
Активно ги следиме перспективите на механизмите за решавање на спорови, и нудиме консултација за избор на најсоодветниот метод за решавање на определен правен проблем.
Наш приоритет е брзо и ефикасно решавање на спорови без нарушување на деловните активности на клиентите.
Нашата пракса во овој сегмент на услуги, се однесува на:
- Парница
- Трговски спорови
- Стечајни постапки
- Спорови од интелектуална сопственост
- Спорови од работни односи
- Спорови од областа на осигурувањето
- Кривични постапки од областа на „криминал на белите јаки“
- Кривични постапки
- Управни спорови
- Застапување во домашна и меѓународна арбитража (UNICITRAL, ICSID, ICC)
- BIT спорови