Татјана Поповски Булоски
  1. Дома
  2. Татјана Поповски Булоски
Татјана Поповски Булоски

Татјана Поповски Булоски

Управувачки партнер

Телефон: +38970249284 

Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com

За

Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти фокусирани на хартии од вредност, енергетика, телекомуникации, осигурување, концесии и јавно – приватни партнерства.

Татјана има учествувано во голем број проекти, вклучително и големи приватизации во државата, капитални инвестиции и финансирање на проекти. Таа е еден од најискусните адвокати за конкуренција во нашата држава. Татјана е позната и по своето искуство во трансакции на спојувања и преземања.

Таа има огромно искуство во кривичните постапки од областа на стопански криминал (white – collar crime). Нејзиното искуство опфаќа и трговски и граѓански спорови од висок профил, меѓународна комерцијална арбитража, антимонополски постапки и постапки за конкуренција.

Татјана е признаена како водечка личност од областа на решавање спорови и корпоративно право од страна на повеќе интернационални правни директориуми. Таа е вклучена во Куќата на Славните (Hall of Fame) од страна на Legal 500, Листата на Моќ во Арбитражата (Arbitration Power List) 2021 за Централна и Источна Европа и е именувана за национална ѕвезда во парнични постапки за 2019 и 2020 година од страна на Benchmark Litigation.

Таа е автор / коавтор на повеќе од 30 статии во домашни и меѓународни изданија на теми поврзани со конкуренцијата, енергетиката, работните односи и решавањето на спорови.

Татјана течно зборува англиски и француски јазик.

ОБРАЗОВАНИЕ

Z

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“

ЧЛЕНСТВО

Z

International Bar Association

Z

Адвокатска комора на Република Северна Македонија

Z

AmCham ESG (Environmental, Social & Governance) Committee

Индустрии

Енергија и природни ресурси

Инфраструктура

Осигурување

Рударство

Приватни инвестициски фондови

Телекомуникации

error: Content is protected !!