Трговско и корпоративно право

Тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери е високо квалификуван во давање правни услуги и совети за структуирање на бизниси, бизнис практики и зделки.

Нашиот тим има долгогодишно искуство и стручност во постапки за спојување, преземање и други постапки за статусни промени на трговски друштва; темелно правно истражување и анализа; како и проценка на ризици и нудење решенија за минимизирање на идентификуваните ризици.

Нашите клиенти добиваат целосна правна поддршка за потребите на нивните деловни активности уште од самиот почеток на идејата за започнување со деловен потфат. Нашиот тим обезбедува правни услуги и советување при изборот на модел на деловна структура и правно формирање на субјект, како и понатамошна целосна правна поддршка за сите правни предизвици со кои се соочуваат клиентите во секојдневното деловно работење.

Нашиот тим обезбедува правни услуги за целосно усогласување со правната регулатива и примена на добри деловни практики од моментот на воспоставување на компанијата.  Адвокатите обезбедуваат правна поддршка за корпоративно управување преку подготовка на внатрешни правила, бизнис практики и процеси за насочување и управување со компанијата; договори за вработување и други аспекти на работните односи; преговарање и структурирање зделки; како и други правни услуги и советувања поврзани со деловниот потфат. Адвокатите од нашиот тим се ангажирани во застапување на клиенти на собрание на акционери и собир на содружници.

Покрај обезбедување на правни услуги и поддршка во корпоративни и трговски односи, нашиот адвокатски тим ги застапува клиентите во спорови кои произлегуваат од ваквите односи, како во постапки за алтернативно решавање на спорови (преговори, медијација и арбитража) така и во судски постапки и постапки пред надлежни институции.

Оттука, даваме услуги за:

  • Спојување и преземање
  • Добивање на потребни лиценци и одобренија за бизнисот
  • Водење на и подготовка извештаи за темелна правна анализа (legal due diligence)
  • Правно советување во трговските односи
  • Правно советување за корпоративно управување
error: Content is protected !!