Интелектуална сопственост
  1. Дома
  2. Интелектуална Сопственост

За нас

Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Интелектуална сопственост

Интелектуалната сопственост опфаќа широк спектар на умствени креации, како што се пронајдоци, литературни и уметнички дела,  симболи, имиња и слики кои што се користат во трговијата, вклучително и права на индустриска сопственост.

Дигиталната ера, сега повеќе од било кога, овозможува откривање на нечии идеи и креации само со еден клик. Преку обезбедување на правна заштита за вашите идеи и креации, вие овозможувате заштита за вашите права и го избегнувате ризикот други лица да располагаат и да ги продаваат истите како нивни. Системот на заштита на правата од интелектуална сопственост има за цел да ги балансира интересите на иноваторите и јавниот интерес, преку воспоставување средина во која креативноста и пронајдоците можат да просперираат.

Четирите главни области на правата на интелектуална сопственост се состојат од: авторско право, трговски марки, права на индустриски дизајн и патенти. Заштитата на правата на интелектуална сопственост е предмет на специфичен и комплексен пакет на законски правила, прописи и процедури.

Ние ги нудиме сите правни услуги и правна помош во постапките за заштита на правата на интелектуална сопственост (вклучувајќи трговски марки, патенти, авторски права, know-how, трговски тајни и индустриски дизајн) пред надлежните органи во Република Северна Македонија, вклучувајќи регистрација за заштита на правата, продолжување на заштитените права, трансфери, пребарување на домашни и меѓународни бази на податоци, како и за секоја друга постапка во врска со заштитата на правата од интелектуална сопственост на нашите клиенти.

Покрај тоа, ние нудиме и правна помош, совети и застапување во спорови чиј предмет е во врска со правата од интелектуална сопственост.

  • Заштита и регистрација на трговска марка
  • Заштита и регистрација на патенти
  • Застапување во парнична постапка во врска со права на интелектуална сопственост
  • Царинска постапка за заштита на правата на интелектуална сопственост
  • Изработка на договори за интелектуална сопственост
  • Интелектуална сопственост во работните односи
  • Рекламирање
  • Заштита и регистрација на индустриски дизајн
  • Заштита на авторските права

Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970276653
Емаил: jana.dukovska@pp-lf.com

Јана Дуковска Деспотовска е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесет годишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.

Јана Дуковска Деспотовска

Партнер

Телефон: +38971212873
Емаил: anastazija.anastasovska@pp-lf.com

Анастазија Анастасовска Костовска е адвокат во Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе од седум години искуство во правни работи во Република Северна Македонија, работејќи во приватниот и јавниот сектор.

Анастазија Анастасовска Костовска

Адвокат

error: Content is protected !!