За нас
Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.
Трговско и корпоративно право
Тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери е високо квалификуван во давање правни услуги и совети за структуирање на бизниси, бизнис практики и зделки.
Нашиот тим има долгогодишно искуство и стручност во постапки за спојување, преземање и други постапки за статусни промени на трговски друштва; темелно правно истражување и анализа; како и проценка на ризици и нудење решенија за минимизирање на идентификуваните ризици.
Нашите клиенти добиваат целосна правна поддршка за потребите на нивните деловни активности уште од самиот почеток на идејата за започнување со деловен потфат. Нашиот тим обезбедува правни услуги и советување при изборот на модел на деловна структура и правно формирање на субјект, како и понатамошна целосна правна поддршка за сите правни предизвици со кои се соочуваат клиентите во секојдневното деловно работење.
Нашиот тим обезбедува правни услуги за целосно усогласување со правната регулатива и примена на добри деловни практики од моментот на воспоставување на компанијата. Адвокатите обезбедуваат правна поддршка за корпоративно управување преку подготовка на внатрешни правила, бизнис практики и процеси за насочување и управување со компанијата; договори за вработување и други аспекти на работните односи; преговарање и структурирање зделки; како и други правни услуги и советувања поврзани со деловниот потфат. Адвокатите од нашиот тим се ангажирани во застапување на клиенти на собрание на акционери и собир на содружници.
Покрај обезбедување на правни услуги и поддршка во корпоративни и трговски односи, нашиот адвокатски тим ги застапува клиентите во спорови кои произлегуваат од ваквите односи, како во постапки за алтернативно решавање на спорови (преговори, медијација и арбитража) така и во судски постапки и постапки пред надлежни институции.
Оттука, даваме услуги за:
- Спојување и преземање
- Добивање на потребни лиценци и одобренија за бизнисот
- Водење на и подготовка извештаи за темелна правна анализа (legal due diligence)
- Правно советување во трговските односи
- Правно советување за корпоративно управување
Запознај ги нашите адвокати
Телефон: +38970249284
Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com
Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти…
Татјана поповски Булоски
Управувачки партнер
Телефон: +38970365458
Емаил: ognen.martinov@pp-lf.com
Огнен Мартинов е еден од основачките партнери на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Тој е правен експерт со повеќе од десетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.
Огнен Мартинов
Партнер
Телефон: +38972250815
Емаил: angela.milanovska@pp-lf.com
Ангела Милановска е една од членовите на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе годишно искуство во правни работи во Република Северна Македонија.
Ангела Милановска
Адвокат
Телефон: +389 (2) 32 32 243
Емаил: marjana.staninova@pp-lf.com
Марјана Станинова се приклучи на нашиот тим во јануари 2020 година. Нејзини области од посебен интерес вклучуваат: договорно право, корпоративно право, трговско право, отштетно право, парница и алтернативно решавање на спорови.
Марјана Станинова
Адвокат
Телефон: +38971212873
Емаил: anastazija.anastasovska@pp-lf.com
Анастазија Анастасовска Костовска е адвокат во Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе од седум години искуство во правни работи во Република Северна Македонија, работејќи во приватниот и јавниот сектор.
Анастазија Анастасовска Костовска
Адвокат
Телефон: +38975296339
Емаил: atanas.chavdarov@pp-lf.com
Атанас Чавдаров се приклучи на нашиот тим во ноември 2022 година. Тој има посебен интерес за договорно право, правото на сопственост и другите стварни права, корпоративно право, трудово право и парница.
Атанас Чавдаров
Адвокат