Анти-корупција и истраги
  1. Дома
  2. Анти-Корупција и Истраги

За нас

Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

АНТИ-КОРУПЦИЈА И ИСТРАГИ

Корупцијата се дефинира како злоупотреба на доверена моќ, овластување или влијание за сопствена корист. Се смета за една од најпредизвикувачките пречки за економски и социјален развој. Корупцијата може да наметне значителни дополнителни трошоци за деловно работење во многу земји во развој, како што е и Република Северна Македонија.

Во 2018 година, Република Северна Македонија направи чекор напред кон борба против корупцијата со донесување на нов Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам, а со кој се врши усогласување со стандардите на правото на ЕУ. Целта на новиот закон е утврдување на мерки, активности и постапки што одредени субјекти треба да ги преземаат со цел да се открие и спречи перењето на пари, финансирањето на тероризам или други сродни криминални активности.

Нашиот тим на адвокати обезбедува правна поддршка и помош за усогласување со регулативата против перење пари и финансирање тероризам, вклучувајќи и  подготовка и ревизија на внатрешни акти и документи, проценка на ризик за перење пари и финансирање на тероризам, поддршка при надворешни ревизии како и други правни услуги потребни за усогласување со регулативата во Република Северна Македонија.

  • Изработка на внатрешна рамка
  • Проверки за усогласеност и обуки
  • Поддршка во истрагите за внатрешна усогласеност

Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970249284 
Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com

Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти…

Татјана поповски Булоски

Управувачки партнер

Телефон: +38970365458
Емаил: ognen.martinov@pp-lf.com

Огнен Мартинов е еден од основачките партнери на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Тој е правен експерт со повеќе од десетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.

Огнен Мартинов

Партнер

Телефон: +38972250815
Емаил: angela.milanovska@pp-lf.com

Ангела Милановска е една од членовите на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе годишно искуство во правни работи во Република Северна Македонија.

Ангела Милановска

Адвокат

error: Content is protected !!