Заштита на податоци

Во денешното глобално дигитално општество, податоците се сметаат за едно од највредните добра. Земјите ширум светот ја активираа заштитата во однос на  собирањето податоци и заштитата на овие добра и станаа еден од врвните приоритети за секој правен систем. Досега се донесени закони за заштита на податоците во повеќе од 120 земји во светот.

Постојаниот развој на технологијата и појавата на нови режими за споделување на податоци ги прават регулативите за заштита на податоците покомплексни и построги од кога било. Усогласеноста со прописите и стандардите што се однесуваат на заштитата на податоците е од високо значење за компаниите, институциите и јавните субјекти.

Нашето адвокатско друштво нуди спектар на услуги за обезбедување на целосна усогласеност со прописите и стандардите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Ние нудиме упатство низ правната рамка за заштита на податоците, помош при изготвување на релевантни политики и внатрешни акти за заштита на податоци (како што се подготовка на упатства за заштита на податоците и изјави, договори за обработка на податоци и друга релевантна документација), помош во процедури пред надлежни тела, како и други услуги што можат да бидат потребни за целосно почитување на прописите и стандардите за заштита на податоците.

Ние, исто така, обезбедуваме правна помош во случаи на повреда на правата за заштита на податоците во постапките пред државните институции, како и застапување пред судовите при побарувања на штета што произлегува од повреда на одредбите за заштитата на податоците.

Оттука, даваме услуги за :

  • Изготвување на релевантни политики и акти
  • Застапување пред Агенцијата за заштита на личните податоци
  • Проверки и обука за усогласеност
  • Застапување во прекршочна постапка во врска со кршење на правилата за заштита на податоците