За нас
Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Конкурентско Право
Законите и прописите за заштита на конкуренцијата се стремат кон воспоставување на пазар во кој компаниите се натпреваруваат чесно едни со други и се пласираат стоки и услуги со соодветен квалитет и фер цена за потрошувачите. Да се биде во тек со постојаното воведување на нови барања во законите и прописите за заштита на конкуренција претставува голем предизвик за бизнисите. Непочитувањето на законските правила и прописи се смета за прекршок кој подлежи на строги санкции, што може значително да влијае на бизнисот.
Тимот на Поповски и Партнери обезбедува правни услуги во сите аспекти на конкурентското право, вклучително и правна помош за целосно усогласување со правната рамка, истраги, рации (down raids), картелски постапки (вклучувајќи постапки за ослободување од или намалување на глобата), контрола на спојувањето, советување и изготвување на договори за партнерства и заеднички вложувања во согласност со анти монополските правила, итн.
Нашите адвокати пружаат правна помош и застапување во прекршочни постапки пред Комисијата за заштита на конкуренција, постапките кои следат пред управните судови, како и во постапките за штети од повреда на анти монополско однесување.
Адвокатите од Поповски и Партнери имаат долгогодишно искуство и високо ниво на стручност во постапките за контрола на спојување пред надлежните органи, особено во случаи на постапката од Фаза II, вклучувајќи во случаи на предлагање и воведување на правни лекови во вид на однесување и/или структурални правни лекови за отстранување на штетните последици.
Нашата пракса вклучува:
- Постапка за контрола на спојување
- Проверки и обуки за усогласеност
- Застапување и правна поддршка во случај на рации (down raids)
- Апликации за ослободување од глоба или намалување на глоба
- Проценки на трговски договори, деловни практики, политики и модели
- Застапување во постапки заради злоупотреба на доминантна позиција, забранети договори или усогласено однесување
Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970249284
Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com
Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти…
Татјана поповски Булоски
Управувачки партнер

Телефон: +38971212873
Емаил: anastazija.anastasovska@pp-lf.com
Анастазија Анастасовска Костовска е адвокат во Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе од седум години искуство во правни работи во Република Северна Македонија, работејќи во приватниот и јавниот сектор.
Анастазија Анастаасовска Костовска
Адвокат

Телефон: +38972250815
Емаил: angela.milanovska@pp-lf.com
Ангела Милановска е една од членовите на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе годишно искуство во правни работи во Република Северна Македонија.
Ангела Милановска
Адвокат