За нас
Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Концесии, јавно приватно партнерство и јавни набавки
Концесиите и договорите за јавно приватно партнерство (ЈПП) претставуваат многу успешни модели за меѓусебна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор. Република Северна Македонија промовира ваков вид соработка со приватниот сектор преку обезбедување на можности за доделување концесии за јавни услуги, работи и добра од јавен интерес, како и преку воспоставување долгорочна соработка во форма на јавно приватно партнерство, а со цел подобрување и надградба на стоките и услугите во економијата за придобивките на заедницата како целина.
Нашиот тим на адвокати има големо искуство при обезбедување услуги во постапките за добивање концесии и формирање на ЈПП за јавни услуги, како и добивање на државна помош. Ние обезбедуваме услуги за подготовка на тендерска документација, помош при учество на јавни повици за доделување на концесии и ЈПП, подготовка на понуди, изготвување и преглед на договори, како и за склучување договори за подизведувачи, помош во правните аспекти за трансфер на концесии и правни совети и услуги поврзани со престанок на концесии и ЈПП.
Нашите адвокати обезбедуваат помош на клиентите при спроведувањето на постапките за јавни набавки, како и заштита на правата на клиентите во процесот на јавна набавка.
Воедно, обезбедуваме услуги што вклучуваат застапување пред надлежните органи, како што се Државната комисија за жалби по јавни набавки, Министерството за економија и други релевантни органи, како и застапување во случај на спор кој произлегува од концесијата или договорот за јавно приватно партнерство. Накусо, обезбедуваме правни услуги за:
- Застапување во постапките за добивање на концесија и ЈПП
- Подготовка на документи и договори за јавни набавки, концесија и ЈПП
- Заштита на правата од јавни набавки, концесии и ЈПП во судски и други постапки
Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970249284
Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com
Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти…
Татјана поповски Булоски
Управувачки партнер

Телефон: +38972250815
Емаил: angela.milanovska@pp-lf.com
Ангела Милановска е една од членовите на тимот на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Има повеќе годишно искуство во правни работи во Република Северна Македонија.
Ангела Милановска
Адвокат

Телефон: +38970365458
Емаил: ognen.martinov@pp-lf.com
Огнен Мартинов е еден од основачките партнери на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Тој е правен експерт со повеќе од десетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија.
Огнен Мартинов
Партнер

Телефон: +389 (2) 32 32 243
Емаил: marjana.staninova@pp-lf.com
Марјана Станинова се приклучи на нашиот тим во јануари 2020 година. Нејзини области од посебен интерес вклучуваат: договорно право, корпоративно право, трговско право, отштетно право, парница и алтернативно решавање на спорови.
Марјана Станинова
Адвокат