Марјана Станинова, адвокат во Адвокатско друштво Поповски и Партнери, изминатиот викенд учествуваше на XVI Отворен Pre-Моот Белград, престижен пред-натпревар за студенти по право од целиот свет.
На овој настан претходеше XIV Конференција за арбитража која се одржа на Правниот факултет во Белград.
Pre-Moot се организира секоја година пред главниот Моот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во Виена од 23 до 28 март. Марјана Станинова зема учество во Belgrade Open Pre-Moot како арбитар и во тоа својство учествуваше на неколку рочишта.