За нас
Поповски и Партнери е модерно адвокатско друштво и ги нуди сите видови на правни услуги во Република Северна Македонија. Се здруживме водени од желбата да обезбедиме повисок стандард на правни услуги. Ние избравме був како наше лого, бидејќи симболизира супериорно знаење, мудрост и стратегија. Овие вредности се нашиот идентитет.

Работни Односи
Законот за работни односи како и подзаконските регулативи со кои што истиот се уредува, трпат постојани измени, измени кои имаат за цел постигнување поголема рамнотежа во односот работник – работодавач. Законот за работни односи се смета за една од најдинамичните области во правото. Правните системи се соочуваат со многу сложен процес на усовршување и надградба на правата за двете спротивни страни во работниот однос. Имено, од донесувањето на Законот за работни односи во Република Северна Македонија тој помина низ десетина амандмански измени. Како и да е, секоја надградба на правата во корист на работодавачите или работниците не вреди доколку истите не се спроведуваат.
Нашите адвокати се специјализирани за широк спектар на прашања опфатени со Законот за работни односи. Услугите кои ги нудиме на нашите клиенти од областа на работните односи се правни совети, мислења и правна помош при усогласување со релевантните закони и прописи, подготовка на интерни акти, систематизација на работните места, изготвување на договори за вработување, раскинување или трансформација на работен однос, спроведување на постапка за добивање на работни дозволи, како и сите други постапки што произлегуваат од работниот однос.
Нашите адвокати се специјализирани и во обезбедување заштита на правата на синдикатите и нивните членови, како и во помагањето на овие организации да работат со врвен капацитет.
Ние исто така даваме услуги на советување и застапување при решавање на спорови (вклучувајќи преговори, медијација, арбритража или парница) што произлегуваат од работниот однос. Воедно, ги обезбедуваме следните правни услуги:
- Изготвување на интерни акти вклучувајќи акти за заштита од мобинг и (whistleblowing schemes)
- Генерална проверка и тренинг во областа на работните односи
- Проверка на усогласеноста на прописите и тренинг за заштита од мобинг
- Менаџерски договори и односи
- Постапки и прашања поврзани со конкурентски клаузули
- Колективни договори
- Престанок на работен однос
- Работни спорови
- Вработување на странци
Запознај ги нашите адвокати

Телефон: +38970249284
Емаил: tatjana.popovski@pp-lf.com
Татјана Поповски Булоски е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесетгодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти…
Татјана поповски Булоски
Управувачки партнер

Телефон: +389 (2) 32 32 243
Емаил: marjana.staninova@pp-lf.com
Марјана Станинова се приклучи на нашиот тим во јануари 2020 година. Нејзини области од посебен интерес вклучуваат: договорно право, корпоративно право, трговско право, отштетно право, парница и алтернативно решавање на спорови.
Марјана Станинова
Адвокат

Телефон: +38975296339
Емаил: atanas.chavdarov@pp-lf.com
Атанас Чавдаров се приклучи на нашиот тим во ноември 2022 година. Тој има посебен интерес за договорно право, правото на сопственост и другите стварни права, корпоративно право, трудово право и парница.
Атанас Чавдаров
Адвокат