Јана Дуковска Деспотовска е основачки партнер на Адвокатското друштво Поповски и Партнери. Таа е правен експерт со дваесет годишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Таа е еден од најискусните адвокати за интелектуална сопственост во земјата. Нејзиното огромно искуство вклучува различни проекти фокусирани на авторско право, индустриската сопственост, информатички технологии, конкуренцијата, заштитата на потрошувачите, приватноста и заштитата на податоците.

Нејзиниот главен фокус е интелектуалната сопственост – индустриска сопственост и авторско право.

Искуството на Јана во оваа област вклучува и поранешна позиција на заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија.

Јана објавува редовно, особено во областа на интелектуалната сопственост, во различни локални и меѓународни изданија.

Магистрира на студиите за Југоисточна Европа, при Националниот универзитет „Каподистрија“ во Атина, Република Грција, 2000-2001 година.

Јана е исто така и визитинг професор на предметот унифицирано приватно право на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Јана зборува течно англиски и српски јазик.

Јана Дуковска Деспотовска

Партнер

in

Поповски и Партнери

©2021 Поповски и партнери.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Тел: +389 (2) 32 32 243info@pp-lf.com

АДРЕСА

Никола Вапцаров 2-4
1000 Скопје, Северна Македонија

РАБОТНО ВРЕМЕ

Понеделник - Петок
08:30 - 16:00