Атанас Чавдаров предавач на LAW LAB Vol. 2 – Правна убедливост

Ное 26, 2026Uncategorized0 comments

Нашиот колега, адвокатот Атанас Чавдаров, ќе биде предавач на втората недела од програмата LAW LAB Vol. 2 – Правна убедливост, која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Предавањето, насловено „Во одбрана на правото: Усно застапување пред судот“, ќе се осврне на една од клучните вештини во адвокатската професија. Врз основа на своето искуство од секојдневната работа во судница, Атанас ќе им даде на учесниците практични совети за тоа како да изградат јасен, уверлив и ефективен говор пред суд.

Учеството на Атанас е дел од посветеноста на нашето друштво кон практичното образование на идните правници и кон соработката со академската заедница.

Датум: петок, 27 ноември 2026 година
Време: 11:00 – 13:30 часот
Место: Библиотека на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје

MORE NEWS

Vis Moot 2026

Vis Moot 2026

Со задоволство споделуваме дека нашата колешка, Марјана Станинова, учествуваше како арбитар на Willem C. Vis...

read more
error: Content is protected !!