Аплицирај за приправник

Јан 24, 2022Uncategorized0 comments

Гледањето „Suits“ не се брои во адвокатски приправнички стаж. Преземи вистински предизвик. Продлабочи го знаењето и стекни адвокатски вештини. Стани дел од тим.

АПЛИЦИРАЈ ЗА ПРИПРАВНИК

 Што нудиме?

  • Менторска соработка за професионален развој;
  • Мотивирачка работна средина;
  • Динамична и мултидисциплинарна приправничка работа;
  • Можности за стекнување на адвокатски вештини и продлабочување на знаењата;
  • Тимска работа.

Што бараме?

  • Амбициозни правници, со или без претходно работно или приправничко искуство;
  • Солидно теоретско познавање на правото;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Способност за тимска работа и иницијативност.

*** Износот на надоместот за приправничката работа ќе се утврди според квалификациите на кандидатот и меѓусебно договорените услови за вршење на приправничката работа.

Доколку сметаш дека те бараме тебе и сакаш да работиш со нас испрати CV и мотивациско писмо на: info@pp-lf.com (назнака: Апликација за приправник | [твоето име и презиме]

Рокот за достава на апликациите е 10 февруари 2022 година.

***Со доставата на CV и мотивациското писмо се согласуваш Адвокатското друштво Поповски и Партнери да ги чува и користи твоите лични податоци се до завршување на процесот на селекција. ***Само претселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

MORE NEWS

Chambers 2024

Chambers 2024

Задоволство ни е што нашиот Управувачки партнер, Татјана Поповски Булоски, е рангирана како адвокат во Групата 1 (Band...

read more
error: Content is protected !!