| РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА | РОКОВИТЕ ВО СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Апр 13, 2020Uncategorized0 comments

На 30.03.2020 година, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства. Со Уредбата е предвидено запирање на течењето на законските и преклузивните рокови кај повеќето судски постапки и дејствија се до крајот на прогласената вонредна состојба.  Поконкретно, законските и преклузивните рокови престануваат да течат за:

  • поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, како и за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во наведените постапки;
  • во кривичните и прекршочните постапки, за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредни правни лекови;
  • застарување на кривично гонење, поведување и водење на прекршочна постапка, како и за извршување на кривичните и прекршочните санкции.

Со Уредбата се предвидува и одлагање на издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се до 01.09.2020 година, освен во случаи во кои постои опасност од застарување на извршувањето.

MORE NEWS

error: Content is protected !!