Вис Мут 2025

Апр 28, 2025Uncategorized0 comments

Вис Мут 2025 и понатаму претставува глобален настан за развој на следната генерација на арбитражни професионалци и научници. Оваа година, настанот повторно ги обедини блескавите правни умови за да се вклучат во значајни дебати, соработка и менторство.

Марјана Станинова, претставувајќи ги Поповски и Партнери, повторно учествуваше на настанот како арбитер. За време на натпреварот, арбитерите ги оценуваат тимовите според нивната усна аргументација, правна анализа, способноста за одговарање на прашања и севкупната убедливост. Тие активно се вклучуваат во комуникација со студентите преку поставување прашања, проверувајќи го не само нивно познавање на правото, особено Конвенцијата за меѓународна продажба на стоки (CISG) и арбитражните правила, туку и нивната способност да размислуваат брзо и да аргументираат ефикасно под притисок. Нивното учество значително придонесува кон едукативната мисија на Вис Мут, поттикнувајќи ја новата генерација на арбитражни практичари во вистинско меѓународно опкружување.

Посебна благодарност му се упатува на тимот од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија што страст, посветеност и напорна работа сјаеја на оваа глобална арбитражна сцена.

MORE NEWS

Vis Moot 2026

Vis Moot 2026

Со задоволство споделуваме дека нашата колешка, Марјана Станинова, учествуваше како арбитар на Willem C. Vis...

read more
error: Content is protected !!