Решавање на трговски спорови: Стратегии за компаниите и нивните правни служби – Разговор меѓу Виена и Скопје

Ное 2, 2026Uncategorized0 comments

Задоволство ни е што ja поддржавме конференцијата посветена на арбитражата, организирана од Македонската асоцијација на корпоративни правници во соработка со VIAC Community Ambassador Network (VIAC CAN) – Vienna International Arbitral Centre и Three Crowns LLP, одржана на 29 октомври во Скопје.

Нашиот управувачки партнер, Татјана Поповски Булоски, учествуваше како панелист и ги сподели своите искуства од практиката, во дискусијата за арбитражната клаузула, изборот на арбитри, арбитражното застапување и извршувањето на арбитражните одлуки. Арбитражата е сè поважен дел од стратешкото планирање на деловните односи, и ни е драго што придонесуваме таа да им стане поблиска на компаниите во нашата држава.

Благодарност до организаторите, говорниците и сите присутни за квалитетна дискусија и размена на искуства.

MORE NEWS

Vis Moot 2026

Vis Moot 2026

Со задоволство споделуваме дека нашата колешка, Марјана Станинова, учествуваше како арбитар на Willem C. Vis...

read more
error: Content is protected !!