Со задоволство му посакавме добредојде на Vis Moot тимот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во нашите канцеларии да арбитрираме на рочиште како дел од подготовките за натпреварот. Тимот се подготвува за натпреварот Vis Moot кој ќе се одржи од 23 до 28 март 2024 година во Виена, Австрија. Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot, или „Vis Moot“, е престижен меѓународен натпревар со фокус на меѓународното трговско право и арбитража. Целта на овој натпревар е да го промовира проучувањето на меѓународната арбитража и Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на стоки. Натпреварот им дава можност на студентите да ги развијат своите вештини на пишување и говорење во застапување во симулирана средина за решавање на меѓународни спорови.
Октоберфест 2024
Нашите колеги Анастазија Анастасовска Костовска, Атанас Чавдаров, Огнен Мартинов и Татјана Поповски Булоски уживаа во...