Нашиот Управувачки партнер, Татјана Поповски Булоски, е именувана за Потпретседател на Постојаниот суд за арбитража при Стопанската комора на Северна Македонија.
Ова престижно назначување претставува признание не само за долгогодишната посветеност на Татјана кон правната професија, туку и за довербата што ѝ е укажана во областа на решавање трговски спорови и арбитража.
Честитки до Татјана за ова значајно достигнување и ѝ посакуваме многу успех на новата функција.



