Во рамките на проектот INVESTinADR, голема меѓународна иницијатива за зајакнување на рамките за алтернативно решавање на спорови (ADR) во Западен Балкан , Марјана Станинова, адвокат во Поповски и Pартнери, и Филип Мицевски, приправник во Поповски и Партнери, успешно завршија тримесечна сеопфатна програма со онлајн предавање и предавања со физичко присуство, со завршен испит.
На 4 јули 2025 година, Марјана учествуваше и на завршната работилница на проектот во Институтот Европа, Универзитетот Сарланд, каде што заедно со водечки правни експерти и академици разменија искуства и размислувања за трите години напредок и соработка.
Им честитаме на Марјана и Филип за ова достигнување и им изразуваме искрена благодарност на Институтот Европа, Универзитетот Сарланд, Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопјe и на сите партнери во проектот за нивната посветеност на одржлива правна реформа.
https://lnkd.in/e2a7-NAm



